Ѓорческа не успеа во финалето во Куршумлијска бања

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа доживеа пораз во мечот за титулата на ИТФ турнирот што се одржува во Куршумлијска бања.

Иако водеше со 1-0 во сетови, таа загуби од првата носителка на турннирот, Романката, Мирјам Бјанка Булгару со 1-2 (7-4, 1-6, 0-6). Во воведниот сет, Ѓорческа ја имаше иницијативата, два пати направи брејк предност, но Булгару успеа да се врати и да израмни на 5-5. Клучен беше 11. гем во кој нашата тенисерка повторно направи брејк и потоа на свој сервис дојде до водство од 1-0.

За жал, потоа дојде до голем пат во играта на Ѓорческа која во следните два сета освои само еден гем и доживеа пораз.

И покрај неуспехот во финалето, Ѓорческа заработи 25 бода и скокна 22 позиции на ВТА листата. Да победеше денеска, напредокот ќе беше за уште најмалку 13 места.