
Шкупи против Шкендија има само четири резерви – двајца се голмани!
Под знак прашалник беше самото учество на клубот од Чаир во денешниот натпревар поради проблемите со регистрација на фудбалери.
На клупата Шкупи има само четири резерви од кои двајца се голмани, додека преостанатите двајца Енуз и Исмаили се фудбалери од средниот ред.
Единствените во првиот тим на Шкупи кои се на теренот и не се од младинците се голманот Гроте, Адили, Мухарем и Али Адем.
Во ваков состав Шкупи и успеа да постигне гол од својата единствен прилика на натпреварот во првото полувреме, но Шкендија со два постигнати гола на Рамадани и Зејнулаи обезбеди водство од 2-1.
Фото: FC Shkupi