Шкендија е подготвена да го изненади Карабах! (ФОТО)

Фудбалерите на Шкендија ќе се обидат утре да приредат уште едно изненадување во квалификациите за Лигата на шампионите во натпреварот во кој ќе бидат домаќини на Карабах.

Карабах е фаворит на хартија, но Шкендија и против ФЦСБ во претходното коло покажа дека може да се надигрува против квалитетни екипи, па сигурно дека избраниците на Јетон Беќири ќе дадат се од себе за нов подвиг.

Тетовци веќе постигнаа голем успех со тоа што обезбедија место најмалку во лигашкиот дел од Конференциката лига, но нема да дилеми дека ќе ја искористат приликата, ако им се укаже шанса и за нешто повеќе.

Натпреварот на арената во Скопје утре се игра во терминот од 20:00 часот.