Јовиќ ги одби понудите од Мексико и Шпанија и одбра неочекувана дестинација!

Српскиот напаѓач, Лука Јовиќ беше на прагот да замине во Мексико, се поврзуваше и со шпански клуб, но на крајот ги одби тие понуди и се одлучи за поинаква дестинација.

Јовиќ кој го напушти Милан, имаше неколку различни понуди, на крајот се реши да потпише за АЕК. Оваа информација е на „Марка“, но ја потврдуваат и српските медиуми.

Српскиот напаѓач имаше понуда од новиот член на Ла Лига, Овиедо, но Јовиќ сметаше дека тие немаат доволно конкурентен тим, па реши да ги одбие.

Неговата следна дестинација ќе биде Грција, тој сметал дека во моментов АЕК е неговата најдобра опција.

Наскоро се очекува овој трансфер и официјално да биде објавен.

Јовиќ кариерата ја почна во Црвена звезда, а играши и за Бенфика и Ајнтрахт каде ја доживеа и најголемата промоција. Реал Мадрид го купи за огромна сума, но тој никогаш не го оправда вложеното во него. Потоа се пресели во Серија А, каде играше за Фиорентина и Милан.

Српскиот напаѓач има 27-години, има уште многу фудбал пред него, но јасно е во која насока му се движи кариерата.