Елези и Ристовски блеснаа, но Сараево прокоцка триумф против Радник (ВИДЕО)

Македонските интернационалци Агон Елези и Стефан Ристовски на одличен начин се претставија во дресот на Сараево, меѓутоа нивниот тим освои само бод против Радник Бијељина (4-4).

Елези го постигна првиот гол за Сараево во 16. минута, а потоа на стартот на вториот дел стрелаше и вторпат, додека Ристовски зголеми на 3-0.

Радник потоа се разбуди и со четири гола за 28 минути преку Чумиќ, Гогиќ, Табаковиќ и Горзи направи целосен пресврт (4-3), додека Сараево обезбеди бод со погодокот на Млинариќ.

Фото: Facebook/FK Sarajevo