
Интер наиде на пречка - Аталанта ја одби понудата за Лукман
Според информациите од Италија, европскиот вицешампион понудил 42 милиона евра, плус уште три милиони евра во бонуси, но таа не ги задоволила апетитите на челниците на Аталанта. Клубот бара финсни 40 милиони евра и не попушта и покрај тоа што Лукман ги договорил личните услови.
Нигерискиот напаѓач дојде во Аталанта во 2022 година од Лајпциг и стана еден од најдобрите стрелци во Серија А. На 118 натпревари постигна 52 гола и 25 асистенции и беше најзаслужен што лани екипата ја освои титулата во Лигата Европа.