Илиевски: Новата Македонија се одликува со енергија, младост и - голема желба за победа!

Македонската кошаркарска репрезентација утре од 20 часот во Куманово ќе ја пречека Романија во втората фаза од претквалификациите за Светското првенство во 2027 година.

Селекторот Марјан Илиевски кажа дека кошаркарите кои ги има на располагање во моментов ќе внесат нова енергија и верува дека ќе го дадат својот максимум против Романија.

„Не смееме да гледаме на работите еуфорично. Овие играчи кои во моментот се присутни во репрезентацијата се кошаркари кои што со гордост ќе го носат дресот во утрешниот натпревар и тоа што го прикажуваат во моментов е една сосема нова енергија. Верувам дека тие ќе го дадат својот максимум и ова се играчи кои носат промени по подолг временски период. Овие момци како квалитет имаат енергија, младост и желба за победа, кои ќе бидат присутни на утрешниот меч“, кажа Илиевски.

Македонија во претквалификациите се наоѓа во иста група со Унгарија и Романија.