
Дебаклот од Литванија не бил случаен - македонскиот јуниори пргазени и од Грција
Откако вчера загубија од Литванија со 75 разлика, нашите млади кошаркари денеска доживеаја пораз од Грција со 55-83 и останаа заковани на дното на табелата пред мечот од третото коло против Србија што се игра утре. Денеска одлучи очајната прва четвртина која Македонија ја загуби со 13-27 по што противникот рутински го одведе мечот кон крај и ја оствари првата победа на шампионатот.
Нашата репрезентација беше рамноправна, дури и малку подобра во третиот период кој беше и најдобар за Македонија на ова првенство. Во неа македонскиот јуниори ја направија и најдолгата серија, од 10-0, благодарение на двете тројки на Сребров и Најков и четирите поени на Данев. Сепак, во натамошниот дел од мечот Грција повторно ги зеде работите во свои раце и успеа да дојде до убедлив триумф.
Дамјан Данев со 17 поени беше убедливо најефикасен во македонската репрезентација и единствен со двоцифрен ефект. Утре Македонија игра со Србија во последното коло по што почнува нокаут фазата.