Падна договор, Милан и Брајтон си подадоа рака за Еступињан - познати се деталите!

Милан ја најде замената за Тео Ернандез, го договори трансферот на Первис Еступињан од Брајтон.

Росонерите за овој трансфер ќе платат 17 милиони евра, плус два милиони евра во бонуси.

Во текот на оваа недела трансферот треба да се официјализира и Еступињан да им се приклучи на новите соиграчи.

Фудбалерот претходно ги имаше договорено личните работи со италијанскиот гигант.