Синчето на Педро славеше роденден облечен како мисица - со тијара на глава! (ФОТО)

Поранешниот фудбалер на Барселона, Педро Родригез е во центар на внимание поради роденденот на неговиот син Марк, откако неговото дете се појави на прославата во фустан и тијара на главата.

Синчето на Педро предизвика голем број реакции на социјалните мрежи, при што дел од корисниците на Инстаграм фаќаа сеир, а имаше и такви кои го навредуваа.

Фудбалерот немаше друг избор по реакциите на социјалните мрежи, па реши да ги исклучи коментарите со цел да спречи нови на сметка на Марк.