
Омерагиќ: Ни следи посериозен противник, но пристапот ќе биде ист
Напаѓачот Азар Омерагиќ по натпреварот потсети дека Вардар во второт около го чека посериозен предизвик против екипата на Лозана.
„Некогаш првите 45 минути ќе бидат лоши, некогаш вторите. Тоа е фудбалот. Веќе разговаравме на оваа тема, и сега после натпреварот во соблекувалната и тој проблем ќе мораме да го решиме. Ни следува посериозен противник, но пристапот ќе ни биде ист. Вардар секогаш оди на победа, но допрва ќе одлучуваме на каков начин ќе играме против Лозана“, изјави напаѓачот.
Ќе потсетиме, Вардар остана единствен македонски претставник во второто коло во квалификациите од Конференцискатаа лига по елиминациите на Силекс и Работнички.