
Европскиот првак на колена: Челси безмилосно го декласира ПСЖ (ВИДЕО)
Челси почна да врши притисок од самиот почеток на натпреварот, а Кол Палмер во 22. минута ја затресе мрежата на Џанлуиџи Донарума со хируршки прецизен удар.
Палмер по осум минути постигна идентичен гол во мрежата на Донарума и донесе предност од 2-0, по што англискито репрезентаитвец му асистираше на Жоао Педро за 3-0.
Парижаните во второто полувреме не успеаја да ја преземат контролата врз мечот, додека Челси успешно се бранеше од нападите на гигантот од Париз.
ПСЖ се закани неколку пати, меѓутоа голманот на Челси, Роберт Санчез успеа да ја зачува својата мрежа, додека на спротивната страна и Донарума интервенираше двапати одлично против Лиам Делап.
Фото: Facebook/Chelsea Football Club