Арсенал пред договор со Спортинг - испрати нова понуда за Ѓокереш!

Англискиот вицешампион Арсенал е во напредни преговори со Спортинг Лисабон за услугите на шведскиот напаѓач Виктор Ѓокереш.

Ѓокереш јавно кажа дека сака да потпише за „топчиите“, меѓутоа претседателот на Спортинг не сакаше да го продаде за помалку од 100 милиони евра, но новинарот Фабрицио Романо открива нови детали.

Арсенал е блиску до договор со Спортинг, односно испрати нова понуда за Ѓокереш која изнесува 70 милиони евра плус 10 милиони во бонуси.

Според новинарот, договорот меѓу двете страни е многу блиску, а за да помогне во преговорите Ѓокереш решил да се откаже од дел од својата плата.

Фото: Facebook/Sporting CP