
Сѐ е договорено, познати се деталите од трансферот на Ѓокереш во Арсенал
Неколку релевантни извори ги објавуваат и деталите од договорот кој се очекува и официјално да биде потврден денеска.
Арсенал на Спортинг ќе му плати 63.5 милиони евра како фиксен дел и плус додатни 10 милиони евра во бонуси.
Голем придонес за успешно завршување на зделката дал агентот на Ѓокереш кој се откажал од провизијата која му следувала. Тој требало да добие 10 проценти од трансферот, но се откажал од тие пари.
Со откажувањето од провизијата, агентот помогнал понудата на Арсенал да се дополни за 6-7 милиони евра што беше и разликата меѓу двете страни.
На крајот се сите задоволни, Спортинг ги доби парите кои ги сакаше, Арсенал конечно купи напаѓач, Ѓокереш си ја оствари желбата, а агентот кој ја жртвуваше провизијата, сигурно понатаму ќе си ја наплати на некаков начин.