Фудбалер на Челси ја предупреди ФИФА за голема опасност на клупското СП

Челси и ПСЖ ќе се борат за титулата на Светското клупско првенство, а фудбалерот на премиерлигашот, Енцо Фернандез пред финалето испрати предупредува до ФИФА.

Фернандез предупредува на опасност од играње на високи температури и смета дека тоа е сериозен проблем по здравјето на фудбалерите.

„Тука е навистина топло. Опасно е да се игра на ваква температура. Пред некој ден почувствував главоболка на тренинг, морав да легнам на тревникот. Не им е лесно ниту на навивачите. Се надевам дека ќе го променат распоредот следниот пат, за да може сите да уживаат“, кажа Фернандез.

Фото: Facebook/Chelsea FC