Ужас: Тенисерка убиена од сопствениот татко!

Потресни вести пристигнуваат од Индија каде што 25-годишната тенисерка Радхика Јадав, трагично го загубила жвотот откако според информациите на полицијата била убиена од сопствениот татко додека подготвувала доручек.

Нејзиниот татко, Депак Јадав кон неа испукал пет куршуми од револвер, а три ја погодиле Радхика во грбот. По инцидентот брзо реагирале нејзиниот вујко и братучед кои ја пренеле до болницата, но за жал таму докторите можеле да констатираат смрт.

Полицијата го привела Депак кој го признал злосторството. Од полицијата информираат и дека таткото бил под голем психички притисок и се срамел поради коментарите од соседите дека живее од заработката и успехот на ќерката.

Ситуацијата ексалирала кога Радхика го одбила неговото барање да ја затвори тениската академија која ја отворила неодамна. Сето тоа довело до расправа која претходела на трагедијата.