Падот оставил трага: Синер го прегази Ѓоковиќ за прво финале на Вимблдон!

Падот во финишот од мечот против Коболи кај Ѓоковиќ сепак не бил така наивен и тоа беше очигледно во денешниот меч против Синер во кој Италијанецот издоминира и со победа од 3-0 (6-3,6-2,6-4) во сетови закажа финале против Карлос Алкараз.

Подобрата игра Синер ја најави со брејкот во третиот гем, а како што одминуваше сетот јасно можеше да се види дека Новак имаше проблеми, тешко се движеше и освен сервисот, речиси ништо друго не му функционираше.

Така Синер го освои сетот со 6-3, вториот сет донесе идентична слика, продолжи најдобриот светски тенисер да доминира и да чекори кон победата добивајќи го сетот со 6-2.

По крајот на вториот сет, Ѓоковиќ побара и медицински тајм-аут, по кој добро тргна и го одзема сервисот на Синер за 0-2. Брејкот го потврди во следниот гем, но тоа беше се од српскиот тенисер денеска.

Во продолжение Синер ја врати доминацијата и со 6-4 го освои сетот за конечен триумф. За Синер ова ќе биде прво финале на најпрестижниот грен-слем, додека Алкараз ќе го игра своето трето во низа.

Фото: EPA