Пелистер закажа пет пријателски меча - три со македонски и две со странски екипи!

Македонскиот прволигаш Пелистер почна со подготовките за новата сезона, а денеска соопшти дека се закажани пет пријателски средби и најави неколку нови засилувања.

Битолчани ќе одиграат пет контролни натпревари во подготвителниот период, и тоа ќе почне прво со Струга ТЛ, а потоа ќе се соочи со Трајал од Крушевац. Потоа следи пресметка против Македонија ЃП, па дуел со Охрид и на крајот е закажана средба против грчки Егалео.

„Во интензивни преговори сме со неколку играчи, со дел од нив сме во завршна фаза, и ако сè оди според планот, во наредната недела треба да пристигнат под ‘Тумбе Кафе’“, соопштија од Пелистер.

Пелистер минатата сезона заврши на шестата позиција во Првата лига со 39 бодови.

Фото: ФК.Пелистер Битола