
Гонзало Гарсија е вистинско откритие, го даде и четвртиот гол на СКП! (ВИДЕО)
Гарсија кој минатата сезона беше во вториот тим на Реал Мадрид, сега под водство на Чаби Алонсо доби вистинска шанса во првиот тим на кралскиот клуб и максимално ја искористи.
Гонзало Гарсија во петте натпревари досега даде четири гола и имаше една асистенција.
Веројатно кога ќе биде 100 проценти фит Мбапе ќе си го врати местото, а Гонзало Гарсија ќе биде прекомандуван на клупата, но загрозен ќе биде Ендрик кој веројатно ќе треба да си пронајде нов клуб за да има поголема минутажа.