Силекс со пораз од Малишева ги заврши подготовките во Банско

Силекс со 3-2 беше поразен од косовскиот тим Малишева во вториот контролен натпревар на подготовките во Банско.

Мартин Мирчевски и Илија Донов беа стрелци за кратовскиот тим на овој натпревар.

Ова беше и последен меч за Силекс на подготовките во бугарскиот рекреативен центар.

Фудбалерите ќе продолжат да тренираат во Кратово до натпреварот од квалификациите во Конференциската лига против Дечиќ.