Мега засилување за Звезда - потпиша Нигериецот од Басконија

Интернационалецот од Нигерија, Чима Монеке е прво летно засилување за Црвена Звезда откако белградскиот клуб денеска го објави потписот со него.

Крилниот центар се обврзал на двегодишна верност, неофицијално за 1,7 милиони евра по сезона и се очекува да биде големо засилување за новата натпреварувачка кампања. Претходните две години тој ги помина во редовите на Басконија каде изгради имиџ на еден од најинтересните, но и најинтелигентни играчи во европската кошарка. Во дресот на шпанскиот прволигаш просечно постигнуваше по 13 поени, но во двете сезони не успеа да освои ниеден трофеј. Во декември ќе наполни 30 години, а во кариерата, освен за Басконија, играше уште за Монако, Манреса и неколку француски клубови, а краток период помина и во НБА, во дресот на Сакраменто Кингс.

Монеке е прв чекор кон реконструкцијата на Звезда во која се очекуваат многу нови играчи ова лето.