Работнички го продолжи договорот со еден од најголемите таленти

Македонскиот прволигаш Работнички денеска потпиша нов договор со талентираниот младински репрезентативец на Македонија, Теодор Николовски.

Николовски стави потпис на соработка со тимот од Дебар Маало до 2028 година, а минатата сезона конечно доби посериозна шанса во првиот тим и настапи на 20 натпревари, при што запиша еден гол.

Работнички со продолжување на неговата соработка покажа дека ќе смета сериозно на талентираниот фудбалер и во иднина.

Поранешниот македонски шампион во квалификациите за Конференциската лига ќе се соочи против Торпедо Белаз.