Станковски е нов тренер на Куманово, а Димковски ќе биде спортски директор!

Аце Станковски беше поставен за нов тренер на македонскиот суперлигаш Куманово, откако клубот објави дека тој доаѓа на местото на Љубиша Димковски.

Станковски во претходните две сезони ги тренираше младинските категории во Куманово и имаше добри резултати, па затоа раководството му даде шанса да го покаже својот талент во првиот тим.

Димковски нема да го напушти Куманово, туку ќе остане во тимот со поинаква улога, односно ќе биде спортски директор.

„Управата на клубот им посакува успех и среќа и на двајцата истакнати ракометни работници и поранешни ракометари во нивната нова работна улога и позиција со желба да имаат забележителни резултати“, соопшти МРК Куманово.