Спировски по една сезона си замина од Струга

Македонскиот фудбалер Стефан Спировски по една сезона си замина од поранешниот шампион Струга Трим Лум.

Струга соопшти дека Спировски нема да го носи дресот на прволигашот во следната сезона, откако на состанокот меѓу фудбалерот и спортскиот директор Бесарт Исаку бил договорен предвремен раскин на соработката.

„Спировски имаше договор со Струга и за следната сезона, но по краткиот состанок двете страни се договорија дека е време да се разделат“, соопшти Струга.

Искусниот фудбалер пристигна во Струга минатото лето, а претходно играше за АЕК Ларнака, МТК од Будимпешта, Етникос, Ференцварош и други екипи.

Фото: ФК Струга