Реал Мадрид може да здивне: Мбапе се врати во акција!

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе го надмина проблемот со гастроентеритис и се врати на тренингот на Реал Мадрид.

Мбапе во изминатите денови беше во болница, а потоа работеше со докторски тим за да ја надмине ситуацијата и да се врати во форма.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Мбапе успешно го решил проблемот и ќе биде подготвен за настап на следните натпревари на „кралевите“.

Фото: Facebook/Real Madrid C.F.