Несудениот наследник на Меси ќе игра заедно со Погба?

Ансу Фати своевремено важеше за голема надеж на Барселона, но по блесокот во првиот тим се соочи со многу повреди кои го спречија неговиот развоја, а сега би можел да се обиде да ја „оживее“ кариерата во Монако.

Според информациите на италијанскиот инсајдер Фабрицио Романо, Фати во текот на неделата која следи ќе ги помине лекарските прегледи и ќе стави потпис на договор со клубот од Кнежеството.

Станува збор за позајмица, но Монако ќе има опција и да го откупи неговиот договор. Ќе потсетиме, Фати со 16 години и 304 дена (подоцна рекордот го сруши Јамал) стана најмладиот стрелец во историјата на Барселона и навивачите во тој момент во него гледаа наследник на Меси.

Но, очекувањата не се исполнија, а во Монако би можел да заигра во ист тим со Пол Погба кој по суспензијата поради допинг многу брзо би требало ја официјализира преселбата во Кнежеството.