
Силекс се засили со најдобриот стрелец во младинската лига
Беровиќ го носи дресот на македонската репрезентација до 19 години, а треба да биде квалитетно засилување за иднината на екипата од Кратово.
Талентираниот фудбалер минатата сезона ја заврши како најдобар стрелец со 19 погодоци во младинската супер лига.
Тимот од Кратово претходно се засили со Малик Хамзиќ, Кристијан Велиновски, Миљан Говедарица, Мигуел Пиреш и Мартин Мирчевски.