
Tри црвени картони и повреда беа премногу и за Барселона - Магдебург закажа германско финале!
Барселона подобро го започна натпреварот и најчесто во првиот дел ракометарите на каталонскиот гигант имаа водство од два-три гола разлика за во финишот од првиот дел тоа водство да се зголеми.
Во последните десетина минути од првото полувреме, Барселона поведе со четири гола (16-12), но завршницата припадна на германскиот тим. Со подобра игра во последните моменти Магдебург успеа да ги врати работите како на почетокот и на пауза да замине со 18-18.
Во тие моменти македонските арбитри Ѓорѓи Начевски и Славе Николов го исклучија, Бразилецот од редовите на каталонскиот гигант, Тијагус Петрус.
Магдебург во второто полувреме не дозволуваше Барселона да се „одлепи“. Каталонците само во еден момент имаа „плус три“ 24-21, но во завршните пет минути се влезе со нерешен резултат 29-29. Барселона се соочи и со повреда на Дика Meм кој беше најдобар поединец и до моментот на повредата постигна осум гола.
Тука следуваа минути со голема борба во кои видовме и одлични одбрани на двајцата голмани, Нилсен и Портнер, а Барселона на две минути и 19 секунди до крајот поведе со 30-29. Во тие моменти, германскиот состав беше и со играч помалку, но потоа и Барселона заработи исклучување и тоа во 28-та минута. Проблемите за каталонскиот гигант не застанаа тука, бидејќи црвен картон заработи и Аитор Арион. Третиот ракометар кој македонските арбитри предвреме го испратија во соблекувалната беше Швеѓанецот, Карлсбогард.
Мем остана најефикасен кај Барселона со осум гола, а Магнусон на спротивната страна броеше до 11. За Барселона не беа доволни 11 одбрани на Нилсен, Потнер на голот на германскиот состав собра осум.
Магдебург тоа знаеше да го искористи и закажа германско финале против Фуксе Берлин кој денес претходно го елиминираше Нант.
Фото: EHF