
Стојчевски останува во Чешка: Словачко го откупи од Жилина
Стојчевски пристигна во екипата од Чешка на почетокот на годината на шестмесечна позајмица, а Словачко реши да го задржи и да потпише договор до 2028 година.
Македонскиот интернационалец минатата сезона настапи на 13 натпревари за Словачко, а претходно во кариерата играше и за Брера Струмица и Вардар.