Младите Данци сакаа да продадат финта, но наидоа на битолски ѕид! (ВИДЕО)

Македонскиот тим Пелистер загуби од дански ГОГ со 21-36 во полуфиналето на младинската Лига на шампиони (ЛШ), меѓутоа натпреварот ќе се памети и по неверојатната интервенција на голманот Атанасиј Трсунов.

Младите Данци сакаа да продадат финта и да постигнат еден од најатрактивните голови во елитното натпреварување, меѓутоа Трсунов со одлична интервенција не дозволи да биде затресена неговата мрежа.

Пелистер утре од 9 часот го игра дуелот за третото место во ЛШ, а ривал ќе му биде поразениот од мечот меѓу Барселона и Веспрем.