
Револуционерна промена: Голманите повеќе нема да можат да крадат време
Еден од проблемите за време на натпреварите е трошењето на време, меѓутоа тоа во иднина ќе се намали затоа што се воведува правило за голманите.
Голманите ќе имаат осум секунди за да ја вратат топката во игра, а доколку не се случи такво нешто, тогаш ќе биде досуден корнер за противничкиот тим.
„Ова е најважна иновација, која е насочена кон намалување на загубеното време на натпреварите. Ќе се имплементира во сите натпреварување од ова лето“, кажа Колина.