
Монако го враќа Погба во живот, во завршна фаза се и преговорите за Фати!
Погба по две години пауза поради суспензија му се враќа на фудбалот, а Монако е клубот кој му понуди да ја обнови кариерата.
Наводно станува збор за двегодишен договор, се очекува преговорите да завршат успешно и тоа до крајот на викендот.
Постигнат е договор и за личните услови на Ансу Фати, преговорите со Барселона се во завршна фаза.
Се очекува тоа да биде едногодишна позајмица со опција за целосен откуп.