Кошаркар на Олимпијакос доби тужба од навивачи на ПАО за – симулирање секс на терен (ВИДЕО)

Ситуацијата во финалето од кошаркарскиот плејоф во Грција станува сѐ пожестока, откако навивачи на Панатинаикос поднесоа тужба против играчот на Олимпијакос, Еван Фурние, поради, како што наведуваат, „најпровокативниот гест во историјата на грчката професионална кошарка“.

Инцидентот се случи за време на синоќешната трета финална средба, која Олимпијакос ја доби со 99-88 и поведе со 2-1 во серијата. Во последната четвртина, Фурние направи вулгарен гест упатен кон зелено-белите навивачи, симулирајќи секс, што предизвика револт кај навивачите и прекин на натпреварот. Сцената беше емитувана во живо на државната телевизија ERT. Набргу по инцидентот, дел од навивачите фрлија рекламна табла на теренот, а Фурние беше исклучен. Веднаш потоа, навивачи на Панатинаикос поднесоа официјална пријава до полицијата, а клубот најави и судска постапка против францускиот кошаркар.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by BasketNews (@basketnews)

„Панатинаикос ќе ги преземе сите законски мерки согласно грчкото законодавство против Еван Фурние, поради неговиот срамен и провокативен гест“, се вели во официјалното соопштение на клубот.

Одговор стигна и од Олимпијакос, кој најави дека ќе достави видеоматеријали од инцидентите во салата ОАКА до надлежните институции и федерацијата.

„Ќе преземеме сѐ што е потребно за хулиганите кои физички ги нападнаа Фурние и тренерот Јоргос Барцокас да бидат изведени пред правдата“, соопштија од клубот од Пиреј.

Олимпијакос има можност да ја потврди титулата пред своја публика, во четвртиот натпревар што ќе се игра в недела од 20 часот.