До вчера носеше блузон со натпис „Јас не користам допинг“, а денес падна на допинг тест!

Руската олимпијка Надежда Сергеева, деновиве е во центарот на вниманието бидејќи падна на допинг тест.

Руските олимпијци на Игрите во Пјонгчанг настапуваат без национални обележја поради претходните проблеми со допинг аферата, а нивната репутација дополнително ја разниша Сергеева, која инаку е пилог на женскиот руски боб тим.

Веста дека е падната на допинг тестот можеби и немаше да биде толку ударна, доколку таа не се појавеше неодамна во еден спот со блузон на кој пишуваше „Јас не користам допинг, јас сум за спорт“.

Станува збор за промотивен спот на руските спортисти кои ги прикажуваат во позитивно светло, а направен е со поддршка на фирмата која Русија ја снабдева за Олимписките игри.

Инаку, таа беше позитивна на забранетата супстанца триметаздин, која исто така се користи и за лекување на ангина.