
Лазаров го одбра Томовски пред Галевски за мечот со Естонија!
Македонската ракометна репрезентација вечерва во Талин од 18 часот го игра претпоследниот натпревар од квалификациите за Европското првенство.
Позицијата на Македонија е таква што немаме право на кикс, мора да ја совладаме Естонија, а потоа истото да го направиме и со Литванија.
Селекторот ги одбра ракометарите со кои ќе влезе во борба против Естонците. Лазаров се одлучи да го врати искусниот Мартин Томовски кој заедно со Никола Митревски ќе ја сочинуваат голманската двојка.
Деби ќе има Мартин Ивановски кој со одличните партии во дресот на Алкалоид си го заработи повикот во репрезентацијата.