Сурова одмазда на Оклахома - го победи Денвер со 43 разлика (ВИДЕО)

Оклахома Сити Тандер израмни на 1-1 во серијата од полуфиналето на Западната конференција во НБА лигата откако во вториот меч на домашен терен го победи Денвер со 149-106.

Најдобриот тим во лигата од основниот дел на сезоната одигра фантастичен меч, поставувајќи притоа неколку рекорди. Најважен од сите е оној за постигнати поени во првото полувреме кој сега изнесува 87 поени со што го надмина досегашниот, на Кливленд Кавалирс од 2017 година, а кој изнесуваше 86. За тоа се погрижи Чет Холмгрен кој на секунда пред крајот на полувремето погоди две слободни фрлања и го однесе својот тим на предност од 87-56. Уште тогаш беше јасно дека Денвер ќе доживее катастрофа на овој меч.

Оклахома со овој триумф стана прв тим кој на домашен терен остварил победа во конференциското полуфинале од НБА иако се веќе одиграни седум натпревари.

Лидер во победничкиот тим беше Шеј Гилџес Александер кој постигна 34 поени со одличен шут од игра (11/13) и ги погоди сите 11 слободни фрлања, па неговиот +/- изнесуваше 51. Расел Вестбрук го предводее Денвер со 19 поени, а Јокиќ додаде 17, но Србинот одигра исклучително лош меч.

Без оглед на оваа катастрофа, Денвер ја оствари својата цел и со брејк се враќа на домашен терек каде ќе ги игра следните два натпревара од серијата.

фото: EPA PHOTO