
Министерство за спорт: На Кожуф и на Башкими ќе им биде одземена лиценцата за спорт!
Башкими постигна скандалозен гол во судиското продолжение од мечот, домашните фудбалери не се мрднаа за гостите да постигнат погодок кој им донесе можеби и клучни три бода во борбата за влез во Првата лига.
Срамниот погодок веднаш ја разбранува јавноста во Македонија, а со реакција се јави и министерот Борко Ристовски.
„Ќе ги почекаме извештаите од ФФМ и доколку се потврдат сомнежите, на фудбалските клубови Кожуф и Башкими по итна постапка ќе им биде одземена дејноста спорт“, изјави министерот Ристовски.