Избран тренерот на сезоната во НБА лигата

Тренерот на Кливленд кавалирс Кени Еткинсон е избран за тренер на сезоната во НБА лигата. Искусниот 57-годишен стратег, во својата прва сезона на кормилото на тимот од Охајо, успеа да ја однесе екипата до првото место на Источната конференција во регуларниот дел од сезоната.

Под водство на Eткинсон, шампионите од 2016 година, ја завршија сезоната со импресивен скор од 64 победи и 18 порази, ист резултат како и Оклахома во Западната конференција.

Еткинсон е трет тренер во историјата на Кливленд кој ја добива оваа престижна награда. Пред него, признанието го имаат освоено Бил Фич во сезоната 1975/76 и Мајк Браун во 2008/09 година.

Во изборот за најдобар тренер, Еткинсон освои 59 од можни 100 гласови. Зад него останаа стратегот на Детроит пистонс, Џеј-Би Бикерстаф, и Име Удока од Хјустон рокетс.

Кливленд, кој игра одлично и во плејофот, во првото коло на доигрувањето убедливо го елиминираше Мајами Хит со 4-0 во серијата. 

Фото: Cleveland Cavaliers/FB