Дебакл на Лејкерс: Минесота ги испрати на одмор Дончиќ и Леброн (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс доживеа болна елиминација во првата фаза од плејофот откако загуби од Минесота со 1-4.

Петтиот натпревар, одигран утринава во Калифорнија им припадна на гостите со 103-96 и тоа воедно значеше крај на сезоната за големите ѕвезди на Лејкерс. Одлуката падна во последната четвртина која Минесота ја доби со 22-16, но и претходно Вулфс доминираа речиси цел меч, а Лејкерс само во неколку наврати во третата и последната четвртина доаѓаше до водство и тоа минимално.

Дончиќ беше најефикасен на натпреварот со 28 поени на што додаде девет асистенции и седум скока, но на спротивната страна, монструозен трипл дабл оствари Руди Гобер, постигнувајќи 27 поени и 24 скока.

Во конференциското полуфинале, Минесота ќе игра со подобриот од серијата меѓу Хјустон и Голден Стејт. Резултатот таму е 3-2 за Вориорс откако во ноќешниот меч Рокитс на домашен терен славеа со 131-116.

фото: EPA PHOTO