
Алкалоид со +22 до место на завршниот турнир од Купот на Македонија
Разликата во квалитет беше очигледна, Алкалоид доминираше во текот на сите 60 минути и единствената дилема беше со каков резултат ќе заврши натпреварот. Најдобар кај стрелците беше Дамјан Митев со осум гола, а го следеше младиот Максим Гарбески со пет реализации.
На завршниот турнир од Купот на Македонија, покрај Алкалоид ќе играат уште Пелистер, Вардар и Охрид.