
Нова бламажа на Зверев, пропадна последната можност да му се доближи на Синер
Денеска доживеа елиминација во осминафиналето од Мастерсот во Мадрид каде како прв носител загуби од Франсиско Серундоло од Аргентина со 0-2 (5-7, 3-6). Зверев беше опасен само на почетокот од мечот кога ја имаше единствената брејк топка. Место тоа, Серундоло направи брејк при водство од 6-5 и поведе со 1-0.
На стартот од вториот сет освои три гема во нијза што беше доволно за триумф на овој натпревар. Зверев лошо ретернираше и дури не успеа да дојде до брејк топка во тој втор сет.
Јаник Синер се враќа на следниот турнир, во Рим, а Зверев ќе го дочека со негатива од 1.645 бода.