
Дембеле го „отвори“ Арсенал по само три минути игра (ВИДЕО)
Стрелец на голот за 1-0 за парискиот тим е Усман Дембеле кој на почетокот од четвртата минута со крајно прецизен удар го круниса додавањето на Кварацкелија.
Тоа беше прв удар кон голот на една од екипите, а на стартот од мечот ПСЖ е тој што го диктира темпото и ја има иницијативата.