
Ќе има промени: Веќе се најавува како ќе изгледа Реал со Чаби Алонсо
Медиумите блиски до мадридскиот гигант веќе и најавуваат како „кралевите“ може да изгледаат наредната сезона со Алонсо на клупата.
Алонсо според она што го форсираше во Леверкузен има целосно спротивен стил на Анчелоти и поради тоа се најавуваат промени. Сепак, се најавува дека ќе ја има поддршката од Флорентино Перез кој ќе му обезбеди тим каков што тој посакува.
Една од работите кои се очекува сигурно да се променат е формацијата, Реал со Алонсо би требало да го гледаме во формација 3-4-1-2 или евентуално 4-3-3 по потреба.
За промена потребни се засилувања. Тука се бековите: Арнолд од Ливерпул и Мигел Гутиерез од Жирона, потоа фудбалерите за врска Мартин Зубиаменди од Реал Сосиедад и Нико Паз кој ќе биде вратен од позајмицата во Комо.
Се очекува пристигнување и на еден дефанзивец во игра се Конате од Ливверпул и Џонатан Та од Леверкузен. Приоритет за Алонсо е вториот бидејќи долго време соработува со него во Леверкузен.
Како и да е се оди според тоа дека а Модриќ, Алаба, Менди и Лукас Васкез нема да има место. Засега не е познато што еќ биде со Карвахал и Милито кои во овој момент се повредени.
Потенцијалните стартни 11 на Алонсо во Реал Мадрид би можеле да изгледаат вака:
Куртоа - Асенсио, Рудигер, Та - Арнолд, Валверде, Зубиаменди, Гутиерез - Белингам, Мбапе, Винисиус.
Но, Реал во својот ростер има и фубалери како: Камвинга, Чуамени, Себаљос, Ендрик...па јасно е дека шпанскиот стратег ќе биде на „слатки маки“.
Фото: Bayer 04 Leverkusen/X