
Реал Мадрид поради Куртоа ќе прекрши правило кое не сакаше да го „скрши“ за Модриќ!
Иако има 32 години, клубот е решен да направи исклучок од своето непишано правило што дозволува продолжување на договор само за една сезона на фудбалери постари од 30 години. Од клубот сметаат дека Куртоа е клучен играч на голманската позиција и вреден за долгорочна соработка. „Кралевите“ претходно ваквото правило не сакаа да го прекршат за Лука Модриќ, кој поради тоа потпишуваше само по едногодишни договори.
Иако договорот сè уште не е официјално потпишан, преговорите меѓу двете страни се во напредна фаза. Белгиецот е дел од Реал Мадрид од 2018 година, а во 2021 година потпиша договор до 2026. За време на неговиот престој во клубот, има забележано 308 настапи во Ла Лига и 60 во Лигата на шампионите.
ФОТО: X / @realmadriden