
Модриќ тргнал да го тепа фудбалерот кој со однесување го посрамоти Реал Мадрид?!
Инцидентот, наводно, се случил по натпреварот против Барселона (2-3) во финалето на Кралскиот куп, кога Ридигер бурно реагираше на судиските одлуки и наводно се обидел физички да се пресмета со судијата Рикардо де Бургос Бенгоечеа. Модриќ, разочаран од ваквото однесување, го обвинил Ридигер дека го посрамотил клубот, посочувајќи дека играчите на Реал не смеат да се однесуваат така – дури и кога се чувствуваат неправедно третирани.
Ситуацијата наводно излегла од контрола до точка каде што останатите играчи и стручниот штаб морале да интервенираат за да ги смират страстите. Извори блиски до клубот велат дека атмосферата во соблекувалната била „на работ на експлозија“. Инаку, незадоволството на Ридигер од судењето било очигледно уште за време на натпреварот – во еден момент, при излегување од игра, тој фрлил кеса со мраз кон судијата.
ФОТО: X / @realmadriden