
Шкендија се спаси од пораз, Силекс не успеа да победи - статус кво на врвот
Лидерот Шкендија треба да биде позадоволен од ваквиот развој на настаните бидејќи во дуелот со Шкупи на домашен терен имаше негатива од 1-3 по првото полувреме. Првите два гола на мечот беа автоголови, а ги постигнаа Мерџани за Шкупи и Геје за Шкендија, па по шест минути игра на семафорот стоеше 1-1. До крајот на првото полувреме Имери и Ибиши го однесоа Шкупи до предност од 3-1.
Тетовци намалија преку Ибраими вио 51. минута, а Шаља на пет минути пред крајот ѝ донесе бод на Шкендија.
Во Кратово беше далеку од толку драматични бидејќи Силекс и Струга не успеаја да постигнат ниеден гол. Домаќините притискаа со сите сили, се обидуваа да дојдат до посакуваната победа и да се доближат до Шкендија, но не успеаја во својата намера.
РЕЗУЛТАТИ
Гостивар - Работнички 1-2 (прекин)
Пелистер - Тиквеш 1-0
Шкендија - Шкупи 3-3
Силекс - Струга 0-0
ТАБЕЛА: Шкендија 63 бода, Силекс 59, Работнички 52 (-1), Гостивар 48 (-1), Струга 47, Вардар 35, Шкупи 34, Пелистер 32, Брера 27, Тиквеш 26, Беса 24, Воска 13.