
Словенија може и тоа како да нè зезне - ќе игра со „трет тим“ против Литванија!
Словенија ќе се соочи против Литванија и Естонија во последните два меча од квалификациите, а на натпреварите нема да настапат Лесјак, Благотиншек, Зарабец, Базник, Хенигман, Влах и други кои се едни од најдобрите, затоа што Зорман реши да повика нови ракометари како Лан Грбиќ, Давид Миклавец и Ален Скледар.
Селекцијата на Словенија при објавување на составот најави дека главна цел ќе ѝ биде освојување на првото место во групата, но ќе настапи со ослабен тим против Литванија и тоа не ѝ оди во прилог на Македонија, односно може да ѝ го загрози пласманот на ЕП.
Македонија се наоѓа на третата позиција со два бодови, додека Литванија има шест поени, па доколку слави против Словенија, тогаш и дефинитивно ќе го обезбеди второто место и пласманот на ЕП. Тоа значи дека нашата селекција во таков случај најверојатно би се споредувала со најдобрите третопласирани селекции доколку претходно обезбеди две победи против Естонија и Литванија.
Словенија во моментов е на првата позиција со осум бодови, Литванија има шест, по што следи Македонија со два и Естонија без освоен поен.
Фото: Rokometna zveza Slovenije / Handball Federation of Slovenia