Нова победа за Елмас и Торино, Јуве поразен во Парма! (ВИДЕО)

Торино со Елиф Елмас игра во добра форма, така беше и денеска кога со 2-0 го совладаа Удинезе, изненадување се случи во Парма каде Јувентус беше поразен со 1-0.

Елиф Елмас беше стартер на мечот, на теренот остана до 76. минута кога беше повлечен од игра.

Головите за Торино ги постигнаа Адамс во првото и Дембеле во второто полувреме.

Парма со гол на Пелегрино во судиското продолжение од првото полувреме го победи Јувентус со 1-0 и му зададе удар во трката за местата кои водат во Лигата на шампионите.

Киксот на Јувентус го искористи Лацио кој со голови на Кастељанос и Диа со 2-0 победи на гостувањето кај Џенова.

Фиорентина со 2-1 славеше на гостувањето кај Каљари.