Лидс и Барнли се враќаат во Премиер лигата

На две кола пред крајот на сезоната во Чемпионшип, познати се екипите кои обезбедиа директен пласман во Премиер лигата.

Во елитата ќе се натпреваруваат Лидс и Барнли кои, всушност, се враќаат во оваа конкуренција. Двете екипи имаат по 94 бода, осум повеќе од третопласираниот Шефилд Јунајтед кому му загарантирано учеството во плејофот, заедно со Сандерленд, додека останатите две екипи ќе се знаат по одигрувањето на последните две кола.

Лидс последен пат играше во Премиер лигата во сезоната 2022/23, додека Барнли се враќа експресно, по една година во Чемпионшип. Интересно е тоа што Барнли нема пораз 31 натпревар по ред и досега прими само 15 во 44 меча во оваа конкуренција. 

Патници од Премиер лигата во понизок ранг се Лестер, Саутемптон и Ипсвич кои немаат шанси да обезбедат опстанок иако остануваат уште пет кола до крајот на сезоната.