
Фудбалерите на Реал Мадрид се „истепаа“ кој прв да се слика Ѓоковиќ (ВИДЕО)
Србинот по завршувањето на мечот се појави меѓу фудбалерите на Реал, кои со воодушевување го дочекаа. Играчите редум се фотографираа со човекот кој има освоено рекордни 24 гренд слем титули.
Меѓу оние кои не ја пропуштија шансата да запознаат спортска легенда беа ѕвездите Лука Модриќ, Винисиус Жуниор, Тибо Куртоа, Џуд Белингем и младата надеж Ендрик. Атмосферата беше еуфорична, а дел од фудбалерите буквално се „натпреваруваа“ кој прв ќе се слика со Ѓоковиќ.